Инклузивен ИТ сектор во Македонија

Работилницата Инклузивен ИТ сектор во Македонија е дел од проектот на УСАИД за Социјална инклузија преку технологија, а се имплементира од страна на Фондацијата „иВоте“, во партнерство со Здружението на граѓани „Отворете ги прозорците“ и „Здружението на младинци и студенти со хендикеп“.

            Проектот на УСАИД за Социјална инклузија преку технологија е насочен кон поддршка на младите луѓе со различен вид на попреченост да станат дел од пазарот на труд, посебно во брзо-растечкиот сектор на информатички и комуникациски технологии. Особено се цели кон развивање на нови стручни обуки за млади лица со попреченост кои вклучуваат е-учење и практична обука во компании, како и  поголема инклузивност и зголемено учество на млади лица со попреченост во ИКТ секторот во Македонија.

Агенда

Дата и време на одржување: четврток, 09 март, 2017 год., 12:00-16:00
Место на одржување: „Јавна соба“, Скопје, Македонија
11:45-12:00
Регистрација
12:00-12:15
Поздравни обраќања - Едвард Гонзалес, УСАИД и Анита Никова, МАСИТ
12:15-12:30
Марија Арменски, Фондација „иВоте“ - Презентација на проектот „Социјална инклузија преку технологија“
12:30-13:30
Магдалена Димкова Велевска, Отворете ги прозорците Инклузивен ИТ сектор – „Милосрдие или социјална инклузија“
13:30-13:45
АВРМ Погодности за вработување на инвалидни лица
13:45-14:45
Кафе муабет со Бојан Георгиевски, Милица Трпеска, Даниела Стојановска
14:45-15:30
Прашања и одговори

Фотографии