Промотивен настан на УСАИД за проектот ֦Социјална инклузија преку технологија֞

На 2 фебрувари, 2017 год.,четврток, фондацијата „иВоте“(iVote Foundation), главниот спроведувач на проектот финансиран од УСАИД за Социјална инклузија преку технологија беше домаќин на промотивен настан за да се информира јавноста и медиумите за активностите на проектот.

Проектот на УСАИД за Социјална инклузија преку технологија е спроведен од фондацијата „иВоте“(iVote Foundation) во соработка со граѓанската огранизација „Отворете ги прозорците“ и „Здружението на студенти и млади со попреченост“ во Македонија. Главната цел на проектот е да се зголеми вклученоста и интеграцијата на младите луѓе со попреченост на пазарот на трудот во Македонија, особено во брзорастечкиот сектор на информатичко – комуникациските технологии (ИКТ) преку онлајн обука и пракса во ИКТ компаниите во земјата.

За таа цел, фондацијата „иВоте“(iVote Foundation) ќе обезбеди иновативен систем за управување со учење што ќе се состои од онјалн обуки за интерактивно учење вклучувајќи и меки вештини и обуки од полето на информациската технологија. Тие ќе бидат достапни за сите апликанти без разлика на нивниот вид на попреченост. Апликантите ќе имаат корист и од програмата за менторство за време на спроведувањето на целокупниот проект за да се обезбеди целосна поддршка во нивниот процес на изучување.

Фондацијата „иВоте“(iVote Foundation) е цврство убедена дека овие иновативни методи и алатки на учење во комбинација со практично искуство во компаниите и можностите за менторство ќе им овозможи на младите да се стекнат со потребните вештини за да ги надминат бариерите што го спречуваат нивното учество во работната сила на пазарот на информатичката технологија.

Фотографии