Водечките ИТ експерти и архитекти на фондацијата „иВоте“ (iVote Foundation) беа вклучени во новите модули на интегрираниот систем за управување со избори имајќи влијаније на изборите во Албанија во 2015 год. Проектот за модернизација на изборниот процес во Албанија е финансиран од УСАИД и управуван од „Асист Импакт“ (Assist Impact), непрофитна оргаизација која што е во договор за соработка со УСАИД. Проектот започна во април, 2014 год. и сега ја достигна неговата крајна фаза со доставувањето на системот.
Надградениот изборен систем нуди интуитивно, пријателски настроено искуство за корисниците. Развиени се прилагодливи модули. Преносот на податоците за изборите е обезбеден со најновите достапни технологии, обезбедувајќи сигурни, транспарентни изборни резултати и извештаи. Модулите ќе обезбедат автоматизација и лесен пристап до многу процеси како што се: следење, управување со функциите на изборниот ден, консолидација на резултати, ревизија, истражување и внатрешни извештаи и „Известувањa на крајот на изборниот ден“ (Election Night Reporting) (Официјален веб сајт за резултати). Администраторите на системот имаат пристап до контролните табли каде можат да следат различни статистички податоци и дијаграми за напредокот на влезните резултати, одзивот и последната активност на сите влезните оператори. Внесувањето на сите изборни податоци е оптимизирано со тоа што првата фаза на обработка и процесирање е направена побрза и поефикасна.
Јавноста ќе ги следи во живо првичните резултати на многу преносливи уреди вклучувајќи персонален компјутер, таблет и мобилен телефон.
Исто така, системот за управување со електронско учење со нови надградени курсеви е прилагоден како основен дел на интегрираниот системот за управување со избори. Користејќи го „Системот за управување со електронско учење“, персоналот на Централната изборна комисија ќе ги зајакне своите вештини и знаења преку модули на интерактивно учење. Сиситемот поддржува онлајн курсеви, видео лекции, конференциски алатки, методи на образовна пракса што подразбира меѓусебна соработка меѓу учесниците на обуките, различни формати на електронско учење, електронски тестови и квизови.