Регистрирајте се на овој линк и поддржете ја кампањата „Недела на дигитални вештини 2018 год.!“
Фондацијата „иВоте“ како национален партнер на „Недела на дигитални вештини 2018 год.! ве повикува да станете дел од оваа кампања!
Ова е годишна дигитална охрабрувачка кампања која поврзува 100 000 луѓе од Европа на постоечки онлајн и офлајн настани обидувајќи се да влијае на дигиталната трансформација и нејзините ефекти. Кампањата ги охрабрува луѓето да ги користат новите технологии и интернет со помош на вештините кои им овозможуваат пристап до многубројните можности на онлајн светот и се организира секоја година во месец март.
Оваа година Неделата на дигитални вештини се одржува од 19 до 25 март во повеќе училишта, библиотеки, организации, јавни установи и едукативни центри ширум Европа.
Организациите кои што се заинтересирани да ја поддржат оваа кампањата или доколку имаат веќе организирано настани во месец март на оваа тема и имаат желба да станат соработници може да ни пишат имејл со своите податоци на biserkashemovska@ivotefoundation.org за да започнеме соработка.
Соработниците можат да:
Најдобрите фотографии и видеа ќе бидат испратени на европската мрежа „ALL DIGITAL“. Најдобрите фотографии, видеа и најактивните соработници ќе добијат награди!

- го постават логото на „Неделата на дигитални вештини 2018“ на својот сајт како соработници и подрржувачи;
- да организираат разни активности или веќе организираните настани во месец март да ги брендираат под логото „Неделата на дигитални вештини 2018“ како соработници на фодацијата „Ивоте“ (сите учесници имаат право на сертификати);
- да фотографираат, да снимаат кратки видеа или да создадат кратка приказна за кампањата и учесниците.