Унапредување и вклучување на ранливите и маргинизирани групи на граѓани

Фондацијата „иВоте“(iVote Foundation) пристапува кон секој проект земајќи ги во предвид принциппите на вклучување и пристап до сите. Се наоѓаме во првите редови кога станува збор за инкорпорирањето функции за корисници со оштетен вид во нашите активности и решенија базирани на компјутерската технологија. Ние исто така работиме да ги унапредиме правата и потребите на етничките, јазичните и другите малцински групи за нивно учество во јавноста, работејќи со заедници како Ромската, за подобрување на нивниот пристап до владините услуги. Ние исто така ги ставаме на располагање сите програми за обука и управување достапни на јазиците на малцинствата.

Обезбедување на стручни и професионални услуги и аналитичко истражување на актуелни теми

Експертите на фондацијата „иВоте“(iVote Foundation) обезбедуваат експертиза во ИТ и аналитичките услуги како одоговор на растечките потреби во светот. Ние често советуваме во врска со системите за управување со избори, системите за јавни набавки, развој на веб страни, системите за електронско учење и други иницијативи на владите и интернационалните заедници. Водејќи аналитичко истражување, фондацијата „иВоте“(iVote Foundation) придонесува за разбирање и дебата за клучното управување, социјалните, економските состојби и случувања, како и случувањата од културен аспект, во земјата и поширокиот регион, и унапредување на најдобри практики и растечки трендови во изборното и демократското програмирање.

Обука и градење на капацитети на службениците од јавната администрација

Фондацијата „иВоте“(iVote Foundation) и нејзиниот персонал имаат обучено илјадници владини и политички службеници во областите на управувањето со информатички системи, дизајн на веб платформи, спроведување на избори, внес на податоци, регистрација на гласачи, електронско оценување, стратешко планирање и управување со проекти. Нашиот пристап користи современа настава и методи на обучување и „учење преку работа“, фокусирајќи се на симултано тестирање, студии на случај и самостојно учење преку онлајн ресурси. До денес, имаме развиено системи за учење преку интернет за членови на изборни комисии, граѓански службеници, банки, образовни институции и приватни компании.

Унапредување на капацитетот на граѓанското општество преку градење на вештини и апликација на технологии

Нашата филозофија гласи дека поуспешната владина услуга е често водена од конкуренцијата од граѓанско општинскиот сектор. Со помагањето на таквите групи да ги набљудуваат демократските процеси и да прават мониторинг на дејноста на владата со спроведувањето на нови технологии и ефикасност, фондацијата „иВоте“(iVote Foundation) може да биде катализатор во тој процес. Техничкиот пристап на фондацијата „иВоте“(iVote Foundation) ни овозможува подобрување на капацитетите на граѓанските организации за да ги остварат своите мандати нудејќи им обука и иструкции во областа на ИТ вештините, вештини на управување со интернет и комуникации.

Создавање и одржување на системи за управување за подобрување на давањето јавни услуги

Фондацијата „иВоте“(iVote Foundation) се докажа во помагањето на владата во врска со дизајнот, развојот и одржувањето на иновативни системи за управување со информации за подобрување на управувањето и давањето на услуги кон граѓаните. Ние работиме со изборни комсии за да воведиме транспарентност во поглед на објавувањето на информации на политичките партии и кандидати, организирање на избори и резултати. Нашиот тим исто така има помогнато на изборни комисии во создавањето на системи за управување со човечки ресурси и резултати, решенија за генерирање извештаи и анализа на податоци.


Проекти

Враќање на довербата во изборниот процес 2

Враќањето на довербата во изборниот процес 2 е продолжение на сличниот проект кој беше спроведен претходно. Проектот е финансиран од фондацијата НЕД и Амбасадата на САД во Македонија и има за цел да ја зголеми свеста за изборниот процес во Македонија, внесувајќи поголема доверба во…
Види повеќе

Враќање на довербата во изборниот процес

Враќањето на довербата во изборниот процес е заеднички кофинансиран проект од Амбасадата на САД и фондацијата НЕД со цел да се зголеми довербата во изборниот процес и резултатите во Македонија. Преку овој проект, создадени беа четири долги видеа и дванаесет кратки анимирани видеа поврзани со…
Види повеќе

Регионалната платформа за слобода на медиумите и безбедност на новинарите

Фондацијата „iVote” создаде онлајн платформа како клучна алатка на Регионалниот систем за рано предупредување и спречување на напади кон новинари. Платформата обезбедува пристапен начин за пријавување насилство (преку копчето „пријави насилство“) и може да пребарува во базите на податоци на напади на 6те регионални центри.…
Види повеќе

Проект за социјална инклузија преку технологија

Главната цел на проектот е да им помогне на младите лица со попреченост да станат дел од работната сила особено во брзо растечкиот ИТ сектор и да им помогне на огранизациите кои работат со лицата со попреченост да ги подобрат вештините за вработување на младите…
Види повеќе

Нови претприемачки можности за лицата со хендикеп

Експертите од фондацијата „иВоте“ ќе дејствуваат како обучувачи и ментори како дел од новата иницијативна мерка за вработување со цел да им помогнат на 120 невработени луѓе со попреченост да ги остварат своите соништа и да основаат свој бизнис до крајот од следната година. Започнато…
Види повеќе

Информативен портал за Ромските заедници во Македонија

Персоналот и волонтерите на фондацијата „иВоте“ неодамна почнаа да работат на иновативен информативен портал за Ромските заедници во Македонија. Финансиран од УНДП, порталот ќе собира и внесува достапни податоци и информации релевантни за вклучување во областите на вработувањето, образованието, здравјето и домаќинството. Веб порталот ќе…
Види повеќе

Анимирани видеа со обуки за „Изборната комисија“ и набљудувачите во Албанија

За да помогне на „Централната изборна комисија на Албанија“ со подготовките за локалните избори во јуни, 2015 год., фондацијата „иВоте“ создаде анимирано видео за обука на членови на изборната комисија и набљудувачи. Во видеото се опфатени одговорностите на персоналот на „Гласачкиот центар“, вклучувајќи го поставувањето…
Види повеќе

Систем за управување со информации за локалните избори во Албанија

Фондацијата „иВоте“ неодамна го заврши дизајнот и имплементацијата на програмата за управување со изборни информации и резултати за 21 јуни, 2015 год. за локалните избори во Албанија. Проектот, со кој раководи „Асистант Импакт “, финансиран од УСАИД, беше создаден во април, 2014 год. за да…
Види повеќе