Главната цел на проектот е да им помогне на младите лица со попреченост да станат дел од работната сила особено во брзо растечкиот ИТ сектор и да им помогне на огранизациите кои работат со лицата со попреченост да ги подобрат вештините за вработување на младите лица со попреченост преку користењето и раководењето на онлајн платофрмата за учење ХабИТ! која е исто така раководена од лица за попреченост.
Проектот е фокусиран на:
- Развој на нови стручни модули на обуки за млади лица со попреченост комбинирајќи онлајн обуки со пракса во компании;
- Промовирање на инклузивна интеграција и зголемено учество на младите лица со попреченост во ИТ секторот во Македонија;
- Подобрување на опсегот на услуги што ги нудат огранизациите кои работат со лицата со попреченост при инклузијата на пазарот на трудот и обуките за работни вештини.
Резултат број 1:
Платформа со пакет на обуки за ИТ, меки вештини и бизнис знаење кои се целосно пристапни за лица со различен тип на попреченост.
Развојот на целосно пристапна онлајн платформа на Македонски и Албански јазик што ќе има целосно пристапни онлајн курсеви беше клучниот момент за лицата со попреченост да се стекнат со потребните вештини. Создадени беа вкупно 20 пристапни онлајн курсеви што им овозможи на учесниците директен и заеднички начин на учење.

Резултат број 2:
Зголемена свест за потенцијалот на лицата со попреченост и нивната зголемена интеграција во компаниите од ИТ секторот.
Свеста за привлекувањето на лицата со попреченост е многу мала во Македонија. Најголемиот проблем се стереотипите дека тие не можат да работат како другите. Поради ниската стапка на учество во компаниите, раководителот на проектот заедно со членовите на тимот одржаа индивидуални средби со 71 компанија од Македонија. Исто така, тимот на проектот беше присутен за време на 25 интервјуа помагајќи им на потенцијалните практиканти да се претстават подобро.

Резултат број 3:
Лицата со попреченост се стекнаа со практично искуство
Компаниите во Македонија имаат многу ниско ниво на сензитивност за вработување и примање на лицата со попреченост како практиканти. Дејствувањето во правец на подигањето на свеста беше клучно за да се убедат компаниите да прифатат практиканти. Исто така, моменталната легислатива за практична работа е прилично застарена. Како поддршка за лицата со попреченост да извршуваат практична работа, проектот СИТ потпиша Меморандум за поддршка со Министерството за труд и социјална политика и Државниот инспекторат за труд и постигна широка медиумска покриеност што го олесни процесот и желбата за практикантска работа. 16 практиканти извршија 20 различни пракси во 14 фирми за време на траењето на проектот.

Резултат број 4:
Лицата со попреченост се стекнаа со вработување во ИТ секторот
ИТ секторот во Македонија е единствениот сектор со највисока стапка на обрт на вработени. Практикантската работа беше првиот чекор кон создавањето на нови работни места за овие лица. Како резултат, за време на проектот се случија 9 нови вработувања во 8 компании.