Персоналот и волонтерите на фондацијата „иВоте“ неодамна почнаа да работат на иновативен информативен портал за Ромските заедници во Македонија.

Финансиран од УНДП, порталот ќе собира и внесува достапни податоци и информации релевантни за вклучување во областите на вработувањето, образованието, здравјето и домаќинството.

Веб порталот ќе обезбеди најнови информации и вести за граѓаните и бизнисите, како и интернет решение за управување со работата на Министерството за труд и Социјална политика, Центарот за инклузија на Ромите и дванаесетте Ромски информативни центри во Македонија.