Фондацијата „иВоте“ неодамна го заврши дизајнот и имплементацијата на програмата за управување со изборни информации и резултати за 21 јуни, 2015 год. за локалните избори во Албанија. Проектот, со кој раководи „Асистант Импакт “, финансиран од УСАИД, беше создаден во април, 2014 год. за да ја обезбеди „Централната изборна комисија“ на Албанија со технолошки средства за управување со локалните избори по сложениот процес на административно-територијални реформи во земјата. Овој систем ги пренесува изборните податоци од „Центрите за броење “до „Централниот сервер “на ДИК, го потврдува влезот на резултатите, и објавува податоци во реално време на јавната веб страна.

Системот исто така вклучува нови функционалности како што се: преглед на одзивот на излезеност според пол, генерирање мандати според новата полова квота за локални совети, пребројување и регистрирање на валидни гласачки ливчиња во погрешни гласачки кутии – контроверзии кои се појавија на изборите во 2011 година.

Вечерта на изборите, жителите во секоја од новоформираните општини беа во можност да ги следат онлајн првичните резултати на Општините и Советите преку различни медуми што пренесуваа резултати од системот.