Унапредување и вклучување на ранливите и маргинизирани групи на граѓани

Фондацијата „иВоте“(iVote Foundation) пристапува кон секој проект земајќи ги во предвид принциппите на вклучување и пристап до сите. Се наоѓаме во првите редови кога станува збор за инкорпорирањето функции за корисници со оштетен вид во нашите активности и решенија базирани на компјутерската технологија. Ние исто така работиме да ги унапредиме правата и потребите на етничките, јазичните и другите малцински групи за нивно учество во јавноста, работејќи со заедници како Ромската, за подобрување на нивниот пристап до владините услуги. Ние исто така ги ставаме на располагање сите програми за обука и управување достапни на јазиците на малцинствата.

Обезбедување на стручни и професионални услуги и аналитичко истражување на актуелни теми

Експертите на фондацијата „иВоте“(iVote Foundation) обезбедуваат експертиза во ИТ и аналитичките услуги како одоговор на растечките потреби во светот. Ние често советуваме во врска со системите за управување со избори, системите за јавни набавки, развој на веб страни, системите за електронско учење и други иницијативи на владите и интернационалните заедници. Водејќи аналитичко истражување, фондацијата „иВоте“(iVote Foundation) придонесува за разбирање и дебата за клучното управување, социјалните, економските состојби и случувања, како и случувањата од културен аспект, во земјата и поширокиот регион, и унапредување на најдобри практики и растечки трендови во изборното и демократското програмирање.

Обука и градење на капацитети на службениците од јавната администрација

Фондацијата „иВоте“(iVote Foundation) и нејзиниот персонал имаат обучено илјадници владини и политички службеници во областите на управувањето со информатички системи, дизајн на веб платформи, спроведување на избори, внес на податоци, регистрација на гласачи, електронско оценување, стратешко планирање и управување со проекти. Нашиот пристап користи современа настава и методи на обучување и „учење преку работа“, фокусирајќи се на симултано тестирање, студии на случај и самостојно учење преку онлајн ресурси. До денес, имаме развиено системи за учење преку интернет за членови на изборни комисии, граѓански службеници, банки, образовни институции и приватни компании.

Унапредување на капацитетот на граѓанското општество преку градење на вештини и апликација на технологии

Нашата филозофија гласи дека поуспешната владина услуга е често водена од конкуренцијата од граѓанско општинскиот сектор. Со помагањето на таквите групи да ги набљудуваат демократските процеси и да прават мониторинг на дејноста на владата со спроведувањето на нови технологии и ефикасност, фондацијата „иВоте“(iVote Foundation) може да биде катализатор во тој процес. Техничкиот пристап на фондацијата „иВоте“(iVote Foundation) ни овозможува подобрување на капацитетите на граѓанските организации за да ги остварат своите мандати нудејќи им обука и иструкции во областа на ИТ вештините, вештини на управување со интернет и комуникации.

Создавање и одржување на системи за управување за подобрување на давањето јавни услуги

Фондацијата „иВоте“(iVote Foundation) се докажа во помагањето на владата во врска со дизајнот, развојот и одржувањето на иновативни системи за управување со информации за подобрување на управувањето и давањето на услуги кон граѓаните. Ние работиме со изборни комсии за да воведиме транспарентност во поглед на објавувањето на информации на политичките партии и кандидати, организирање на избори и резултати. Нашиот тим исто така има помогнато на изборни комисии во создавањето на системи за управување со човечки ресурси и резултати, решенија за генерирање извештаи и анализа на податоци.