Враќањето на довербата во изборниот процес е заеднички кофинансиран проект од Амбасадата на САД и фондацијата НЕД со цел да се зголеми довербата во изборниот процес и резултатите во Македонија.

Преку овој проект, создадени беа четири долги видеа и дванаесет кратки анимирани видеа поврзани со тајноста на гласовниот процес, пресметувањето на мандатите, што се случува со анкетите и слични прашања кои се од голема важност за граѓаните. Исто така, создаден беше образовен портал со најважни информации во врска со гласачкиот процес како и тестови за тестирање на знаењата во врска со процесот. Дел од видеата станаа дел од кампањата на ДИК.

Подолу можете да ги погледнете видеата и линкот од порталот:

Биди и ти сертифициран гласач!

Научи повеќе за твоите избирачки права.

Дали имам право на глас ?

– Твоето гласачко ливче е важечко и ќе биде евидентирано само ако на недвосмислен начин може да биде прочитана твојата волја, односно нема заокружено повеќе од еден кандидат и јасно се гледа кој број на кандидат или политичка партија се заокружени.

– Ако си во странство, можеш да гласаш на следниов начин: поднеси пријава за гласање на изборите до Државната изборна комисија. Откако ќе ти биде одобрена пријавата, на денот на изборите можеш да гласаш во дипломатско – конзуларните претставништва во државата во која привремено се наоѓаш. Важно е претходно да се информираш за точната адреса на канцеларијата преку страната на МНР.

– И покрај тоа што привремено се наоѓаш во странство, имаш право на глас доколку сè уште имаш живеалиште во Р. Македонија и важечка патна исправа.

– За да можеш да гласаш потребно е да поседуваш важечка лична карта или патна исправа.

– За да можеш да гласаш треба да ги исполнуваш следниве услови: да си државјани на Р. Македонија; да си полнолетен, односно да имаш наполнето 18 години; да поседуваш важечки документ за идентификација, биометриска лична карта или патна исправа; да имаш постојано живеалиште на територијата на Р. Македонија; да имаш деловна способност и да си регистриран во Избирачкиот список.

– Избирачките места, на денот на гласањето, се отвораат во 07:00 часот, а се затвораат во 19:00 часот.

Load More

Каде можам да гласам ?

– По 19:00 часот Изборниот одбор ги сумира и брои резултатите од гласачкото место. Твоето ливче, заедно со останатите, се пакува во вреќа, се запечатува со сигурносна лента и безбедно се транспортира до ДИК.

– Додека гласаш, никому не му е дозволено да гледа во твоето гласачко ливче, да проба да го обележи, ниту пак да те принудува да го отвориш пред да го ставиш во гласачката кутија. Секој ваков обид веднаш пријави го.

– Секоја изборна единица добива онолку гласачки ливчиња колку што има запишано избирачи во Избирачкиот список. Ако го скинеш или погрешиш во твојот избор, не добиваш ново гласачко ливче.

– На гласачкото ливче, кандидатите се наведени по оној редослед кој е утврден во единственета листа на кандидати. Гласачкото ливче се состои од 2 дела: дел за гласање и дел кој останува на кочанот. Ливчето не содржи никаков сериски број и идентификатор, односно сите ливчиња се анонимни. Серискиот број којшто се наоѓа на кочанот е само со цел да се следи бројот на луѓето кои гласале.

– Гласачкото ливче е испечатено на македонски јазик, со кирилско писмо. Во општините во кои најмалку 20% од граѓаните зборуваат на јазик различен од македонскиот, гласачкото ливче покрај на македонски јазик и кирилско писмо, се печати и на јазикот којшто се употребува во таа општина.

– Набљудувачите имаат единствена задача да помогнат и да осигураат спроведување на фер и демократки избори, како и заштита на избирачкото право, и истите не знаат и нема начин да дознаат како си гласал.

– Улогата на Избирачкиот одбор е: да спроведе фер и демократски избори, да го осигура избирачкото право на гласачите, да обезбеди нормален тек на гласањето и да обезбеди тајност и заштита на личните податоци.

– Никој не може да дознае за кого си го дал својот глас, освен ако ти самиот не кажеш. Ако некој ти кажува дека знае како си гласал, тоа го прави со цел да те заплаши или за да дознае за кого си гласал. Гласачкото право е еднакво со правото на слобода. Не си го одземај, не потпаѓај на уцени, закани и недоверба.

– Твојот глас е таен и личен. Избирачкиот одбор е должен да обезбеди услови за да не дојде до прекршување на избирачкото право.

Load More

Што се случува на денот на избори ?

– Едно лице може да биде избришано од Избирачкиот список поради: смрт, отпуст на државјанство или одземена деловна способност. Управата за водење матични книги редовно доставува извештаи за смрт до ДИК, која потоа ги брише починатите лица од Избирачкиот список. Доколку се случи лицето да е починато непосредно пред изборите, друго лице поднесува барање за бришење на податоците од Избирачкиот список со соодветната документција.

– Откако ќе поднесеш барање за ажурирање на лични податоци, ДИК утврдува дали барањето е основано и доколку е, ги менува податоците. Во случај твоето барање да биде одбиено, имаш право во рок од 3 дена да поднесеш тужба до Уставен суд на Р. Македонија.

– Запишаните лични податоци можеш да ги промениш со поднесување барање за дополнување до ДИК. Потребно е барањето да го поднесеш лично, заедно со важечка лична карта или патна исправа. Овие документи служат како доказ за променетите лични податоци. Доколку направиш промена на адресата ќе ти биде доделено ново избирачко место кое е најблиску до твоето место на живеење.

– Доколку те нема во Избирачкиот список, поднеси барање за запишување во Избирачки список и приложи ја твојата важечка лична карта или патна исправа. Сите податоци достави ги до подрачното одделение на ДИК во твојот град. ДИК ќе побара објаснување од МВР зошто твоите податоци не биле доставени навреме.

– За сигурна информација, ДИК го става Избирачкиот список на јавен увид 15 дена пред да се одржат изборите. Таму можеш да провериш на кое избирачко место си запишан да гласаш.

– Нема потреба самиот да се регистрираш во Избирачкиот список. Регистрацијата се прави автоматски со тоа што повлекува ажурирани информации од надлежните државни органи.

– Единствениот државен орган кој е задолжен постојано да го води, менува и надополнува Избирачкиот список е Државната изборна комисија.

– Избирачкиот список е јавна исправа во која се содржани лични податоци за сите гласачи со избирачко право во Р. Македонија. Тој содржи: податоци за датум за запишување, дополнување или бришење на податоци од Избирачкиот список, адреса на живеење, пол, презиме, име на еден родител, име и ЕМБГ. Доколку постои некоја промена во твоите лични податоци, мора да се направи промена и во Избирачкиот список.

Load More

Што се случува со мојот глас ?

– Откако ќе заврши гласањето, редните броеви од гласачките ливчиња се запишуваат во записникот за гласање, сумирање и утврдување на резултати кој е достапен од страна на Државната изборна комисија. Тука се внесува и вкупниот број на гласови. За да не дојде до манипулација на неискористените гласачки ливчиња, истите се сечат со ножици во долниот десен агол и се пакуваат во посебен плик, кој потоа се запечатува.

– Р. Македонија, како и многу други земји во светот, ја има прифатено Д’Хондт-овата формула за распределба на мандатот на пратениците. Суштината на оваа формула е да се добие пропорционална распределба на мандати. Од секоја изборна единица треба да се изберат по 20 пратеници кои треба да ги добијат своите мандати во Собранието на Р. Македонија.

– Вкупниот број на гласачи се пресметува со броење на сите потписи или отпечатоци од прст во гласачкиот список. Бројот на искористените и неискористените гласачки ливчиња се пресметува со помош на сериските броеви кои остануваат на кочанот откако ќе ти биде доделено гласачкото ливче.

Load More