Како се распределуваат мандати во Собранието?

– Р. Македонија, како и многу други земји во светот, ја има прифатено Д’Хондт-овата формула за распределба на мандатот на пратениците. Суштината на оваа формула е да се добие пропорционална распределба на мандати. Од секоја изборна единица треба да се изберат по 20 пратеници кои треба да ги добијат своите мандати во Собранието на Р. Македонија.